Само за љубителите на најновите трендови – Саем и конгрес за убавина и здравје во Скопје!

Откријте ги најсовремените иновации во областа на убавината и здравјето на 2. Саем и конференција Beauty & Health во Скопје, на 5 октомври 2024 година

Саемот и конференцијата – стручни предавања „Beauty & Health“ ќе биде најголемиот и најочекуваниот настан на годината, ќе се одржи на 5 октомври 2024 година во луксузниот хотел „Лимак“ во Скопје. Овој револуционерен настан ќе биде единственото место на кое ќе се откријат најновите тајни и напредокот во областа убавина и здравје. 

Детали за настанот:

Датум: 5 октомври 2024

Локација: хотел „Лимак“, Скопје (https://www.limakhotels.com/skopje))

Отворено од 09:00 до 20:00 часот

Што сѐ ве очекува:

Саем – презентации, промоции, третмани, лансирање нови производи, консултации, нови апарати, производи, препарати, иновации

Конференција – стручни предавања – стручни презентации за најновите трендови, иновации, опрема и напредокот во областа естетска и реконструктивна медицина, а стручните лица од областа здрави животни навики ќе се осврнат на најновите техники во доменот на здраво размислување и здрави животни навики во исхраната. 

И што уште?

Networking, нови контакти, место за дружење и нови идеи

Консултации со еминентни професионалци (само за лицата со ВИП-карти во вредност од 600 денари)

Зошто е важно да сте дел од овој настан оваа година?

На едно место, ќе ја дознаете ВИСТИНАТА за иднината на естетиката

Единствен: Овој единствен настан е единствен од тој вид во 2024 година кој ги нуди ексклузивните согледувања на водечките професионалци во областа Beauty & Health индустрија на едно место.

Големо и возбудливо: Бидете на местото каде што реномирани доктори ќе ги презентираат најновите трендови во естетската хирургија, а излагачите на саемот ќе ги презентираат најновите техники и третмани.

Брзо и лесно: Доживејте ја иднината на естетиката со брз и лесен пристап до најсовремените решенија за полесен и поубав пристап за себе и за своите потреби и цели.

Како до карти?

Лесно – само клик на: линк

Влезниците за 2.  Саем и Конференција Beauty & Health се во продажба!

Цена на влезниците:

250 денари – редовна карта 

600 денари – ВИП-влезница (ограничен број)

1500 денари – ВИП-влезница за саемот и конференцијата (ограничен број)   

Редовна карта

Вие сте нашиот добредојден посетител на саемот! Истражете сѐ што може да ви понуди саемот на убавина и здравје.

ВИП-влезница

Добијте ексклузивен пристап! Искористете ја посебната можност да резервирате 10-минутна консултација со лекарите 1 на 1 по стручните предавања.  

Консултациите можат да се закажат со праќање порака во ДМ на нашиот IG-профил.

ВИП-влезница за саемот и конференција

Бидете чекор пред посетителите на овогодинешниот 2. Саем  и Конференција Beauty & Health во Скопје!

Со оваа влезница, покрај на саемот, ќе можете да присуствувате и на сите стручни предавања! Слушнете ги врвните професионалци од областа естетска хирургија, психологија, NLP, здравје и уште многу од нив. Дознајте повеќе за најновите трендови и иновации кои ќе ги подигнат на повисоко ниво вашата убавина и вашето здравје.  

Подгответе се да ги откриете најефикасните иновативни решенија за убавина и здравје. Следете ја нашата страница на Инстаграм „Beauty Congress“ и дознајте повеќе за настанот.

Меѓународни учесници на саемот:

На саемските штандови, покрај продажба и промоции, предвидено е и време за промоција на козметички апарати, препарати, за демонстрација и промоција на физикални третмани и козметички процедури, техники на нанесување шминка, рутина за нега на кожата, презентации на тема здрави животни навики, разговори на тема здрава исхрана, напитоци и физичка активност.

Лансирање на производи:

Со оглед на тоа што октомври е месец на подготовка за зимската сезона, кога сите размислуваме на кои сѐ области и здрави навики ќе се посветиме следната година, ова е одлична можност, со лансирање и презентација на нови производи, излагачите да се поврзат со другите излагачи, но и со посетителите кои сигурно се во потрага за најновите иновации во областа на естетиката и здравите животни навики. 

Запознајте го нашиот ЗЛАТЕН СПОНЗОР

Inked Planet  е лидер во продажба на опрема и материјали за трајна шминка и тетовирање. Inked Planet е увозник и дистрибутер на комплетен асортиман производи, вклучувајќи машини, пигменти, кертриџи и потрошен материјал. Со гордост ги претставуваат реномираните глобални добавувачи, како што се Microbeau, Permablend, Kvadron и други.

Со 25-годишно искуство во увоз и дистрибуција од своето седиште во Нови Сад, Inked Planet е посветен на популаризација и промоција на трајната шминка во Србија и регионот. Целта им е да ги поддржат регионалните уметници и да го прикажат нивниот талент на глобалната сцена.

” Net Press” и „Убавина и здравје„  –   Meдиумски покровител   

Кои се овогодишните претставници?

1.  Beauty Academy – едукатори за свилени трепки, масажи (мадеротерапија за тело, лице и детокс), ламинирање веѓи и трепки и микроблејдинг

2.  Inked Planet – продажба на комплетен материјал за PMU 

3.   Natasa Hiler – едукатор за микроблејдинг, ajлајнер и пудра за веѓи  

4.      SQT – дистрибутер за SQT Biomicroneedling

5.      Aestheticа – претставник на светските брендови во естетиката и професионалната медицинска козметологија

6.     Mccosmetics – врвни производи за естетска медицина и козметологија

7.     Vecom – производство и продажба на опрема за козметички салони, wellness и нега

8.      Clinisept+ – производи за нега на кожа

9.     My Spa – физио и терапевтски третмани кои ја зголемуваат вашата работна продуктивност и животна енергија

10.  Chogan– палета на производи од секторите за парфеми, лице, тело и косa

11. Air brush – естетски бутик за убавина

12.   Be Power– дистрибутери на производите за нега на лице, тело и коса

13.  Marketarica – дознајте како најдобро да се претставите во дигиталниот простор 

14. Trisic piercing – академија за пирсинг

15.  Trisic shop – диоден ласер, ламби, airbrush, алати и накит

16.  Royal S lashes – бренд за надградба на свилени трепки

17.   Beauty Med – претставници на светските брендови Candela Medical, Sinclair EBD, InMode, Hidrafacial и уште многу повеќе

18.  Vatan Med – естетска клиника за трансплатација на коса, брада, веѓи и за третман на коса во Скопје

19.  Maja Balova – ПМУ-тренер и мастер за трајна шминка

20.   Derma Bella – естетска медицина и козметологија

21.   Janssen cosmetics – ексклузивни и високоефикасни фармацевтски производи за нега на лице и тело

22.  Waterdrop®– иновативен нов светски тренд – правење микронапитоци дизајнирани за водата да биде вкусна и интересна за пиење

23. MCCM cosmetics – медицинска козметичка компанија

24.  Tiande козметика (небесно совршенство) – билна козметика и препарати по примерот на традиционалните козметички препарати од Кина, Русија, Тибет; козметиката има највисоко ниво на квалитет по ISO 9001 GMP

25.   KK Beauty Line – едукации за brow & lash lifting

26. Sonix – квалитетна и wellness опрема 

27. Power house – специјализирана продавница со најголем асортиман на спортски суплементи од најдобрите и најквалитетни светски брендови

28. Halk bank – поволни кредити 

Меѓународни предавачи на овогодишната конференција Beauty & Health

Локација: хотел „Лимак“, Скопје ([хотел „Лимак“](https://www.limakhotels.com/skopje))

Официјални јазицимакедонски, српски и англиски

Најважно на дневен ред:

9:00 – 9:05

Краток вовед и преглед на дневни настани

9:05 – 9:10 Поздравен говор

д-р Јасмина Ѓ. Павловскапластичен и реконструктивен хирург

9:15 – 9:45

Предавач: д-р Јасмина Ѓ. Павловскапластичен и реконструктивен хирург, Северна Македонија

Тема „Напредок во техниките за подигање нишки со APTOS-нишките“

Откријте ги најновите достигнувања во техниките за подигнување конци и нивните предности.

9:50 – 10:20

Предавачд-р Диана Мужиќ, д-р дент. мед.Хрватска

Тема „SQT Biomikronidling кај алопеција“

10:25 – 10:55 

Предавачд-р Емилија Минова, сертифициран дерматовенеролог, Северна Македонија

Магистрирала на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Риека. Постдипломска научна програма за едукација од нехируршката естетска медицина

Тема „Biomicroneedling – механизам за поправка на клетките“

11:40 – 12:10

ПредавачМарина Анчевска, мастер-тренер на системскиот NLP

Тема „NLP-техники за личен и професионален раст“

Истражете ги напредните NLP-техники за унапредување на личните и професионални цели и развој.

12:15 – 12:45

Предавачм-р Мила Цветковиќ, психолог и психотерапевт, Северна Македонија

Тема „Самодовербата и физичкиот изглед!“

М-р Цветковиќ ќе се занимава со улогата на физичкиот изглед во обликување на самодовербата и влијанието на целиот процес на личен развој.

12:50 – 13:05  

Предавачд-р Маја Петаноска, д-р дерматовенеролог, Северна Македонија

Тема „Hidracelular energi hidralift третман“

13:10 – 13:25 

Предавачспец. д-р Даниела Михајловска, Северна Македонија

Тема „Нехируршка интервенција: инјекциски решенија за совршен изглед“

15:10  – 16:40

Предавач: д-р Роберто Аморе, д-р по естетска хирургија, Италија

Тема „Новиот концепт на биомодулација со засилувачи на кожата“  

Откријте ги иновативните техники на биомодулација и како тие го подобруваат третманот на кожата.

16:45 – 17:15

Предавач: д-р Хрвоје Реил, специјалист по трудова медицина и спортска медицина, Австрија