„Една може“ како организација која се залага за заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на родовата еднаквост и женските права го организира првиот протест во историјата на Македонија посветен на самохраните мајки.
Мирниот протест ќе се одржи на 13.02.2022 година во Скопје со почеток од 13:00 часот со првична собирна локација од „Жена Парк”, а ќе се движи регулирано се до Министерството за труд и социјална политика.
-Една може ве поканува да учествувате и да го поддржите протестниот марш на 13.02.2022 година во Скопје со почеток од 13:00 часот со првична собирна локација од „Жена Парк”. Мирниот маршот ќе се движи регулирано се до Министерството за труд и социјална политика. Со ова сакаме да ја искажеме и прикажеме сликата на самохраните и еднородителските семејства пред целата македонска јавност и сите чинители во македонското општество. Со задоволство ве покануваме сите, без разлика дали сте самохрани родители, разведени партнери, индивидуи, поддрувачи, млади и возрасни, новинари и репортери, вработени и невработени, јавни личности и политичари. Темата за самохраните и еднородителските семејства не смее да биде табу! Не повеќе, соопштуваат од организацијата „Една може“.
Барањата ќе се однесуваат најмногу на зголемување на социјалната помош, детски и образовен додаток за сите деца од еднородителски семејства, да се превземат мерки за тоа социјалните центри да постапуваат согласно законските правила, најчесто кога се одлучува кому ќе припадне детето.