Групата за таканаречени реформатори кои излегоа во јавноста започнале со нудење на пари за да им се приклонат луѓе кои ќе настапуваат како дел од нивната група. Имено тие организирале семинар во Охрид за чие учество нудат од 7 до 10 илјади денари. Истовремено ваквиот поткуп бил распространет и понуден на сите кој сакаат да им се приклучат, пишува Денешен.
Останува енигма од каде е таа количина на пари која е во нивни раце и кој стои зад оваа иницијатива, наместо за наводна демократизација се крие нечесна намера за бробра за позиции и фотељи.
Дополнително овие денови се спрема и нарачана анкета од Рејтинг агенцијата на Ѓорги Спасов која важи за блиска до СДСМ. Во таа анкета се очекува фаворизирање на групата на реформатори наспроти актуелното раководство и прикажување на лажна слика и згоелемен рејтинг на групата деформатори. На анкетата се испитува јавното мислење за Алек Михајловски и за неколку други лица од самопрогласените реформатори.