Самоубиство пред српската Скупштина во Белград

Во Белград вечерва пред Скупштината на Србија (парламентот) четириесет и тригодишен маж извршил самоубиство пукајќи си во устата, соопшти српското министерство за внатрешни работи.

Како што пренесуваат белградските електронски медиуми, мажот кој си пукал в главата на скалилата од српскиот парламамет, идентификуван како Властимир Ш., бил повеќекратен повратник во вршење кривични дела, особено во областа на стопански криминал и имотни деликти. Се додава дека имал престој во Стара Пазова, во Срем.

Кај него било најдено проштално писмо, во кое како причина за самоубиството наводно навел приватни проблеми.

Според медиумските извештаи, малку по 19 часот мажот на басамаците до Скупштината си истрелал куршим в главата, како и дека итната помош можела да констатира само смрт.

Мажот бил уаспен кон средината на 2017 година заедно со извршителка, поради сомение за затајување данок и злоупотреба на службената положба, откако за фиктивни правни работи префрлале пари на адфвокати и фирми, кои потао во готовина ги враќале на сега починатиот.

Имал и фирма за регистрација на возила, која била пријавена за измами, а се наведува дека последниот период се криел на подрачјето на Белград, поради долгови за позајмени пари од засега непознати лица.