
Средовечен кумановец вчера се самоубил во својата семејна куќа, лоцирана на улицата „Кирил и Методиј“.
Како што соопштуваат од полицијата, бил пронајден обесен во 21 часот и 15 минути. Лекар од Здравствениот дом-Куманово констатирал смрт без траги на насилство.
МВР информира дека во согласност со јавен обвинител, телото на кумановецот е предадено на семејството.