Со мерката за самовработување следната година ќе се вработат 1.000 лица

Поради големиот успех владата продолжува со мерката за самовработување и во текот на следната година. Како што потенцираше денес премиерот Груевски, планирано е да се опфатат и отворат нови 1.000 работни места, што значи отворање на нови 920 бизниси.

За споредба, со овој проект ќе се вработат лица колку што би вработила една нова фабрика во Македонија.

За оваа намена преку два отворени огласи ќе бидат доделени 207 милиони денари. Првиот оглас се очекува да биде распишан веднаш на почетокот на идната година.

Како што информираше премиерот, се доделуваат 3.000 евра неповратен грант за отворање на бизнис и самовработување на невработените и освен тоа што се запазува компонентата на вработување се развива и приватната бизнис иницијатива.

Преку овие мерка досега се вработени над 7.500 лица.