До триумфот гостите од Џенова синоќа дојдоа со пресврт во второто полувреме кога постигнаа два гола преку Патрик Шик (50.минута) и Фабио Квараљела од пенал (85.минута). Интер прв дојде во водство со погодокот на Данило Д’Амброзио во 35.минута.
На другите натпревари од оваа рунда постигнати се следниве резултати:
Рома – Емполи 2:0,
Сасуоло – Лацио 1:2,
Торино – Удинезе 2:2,
Киево – Кротоне 1:2,
Фиорентина – Болоња 1:0,
Џенова – Аталанта 0:5,
Палермо – Каљари 1:3,
Пескара – Милан 1:1 и
Наполи – Јувентус 1:1.
Табела: Јувентус 74 бодови, Рома 68, Наполи 64, Лацио 60, Аталанта 58, Интер 55, Милан 54