
Мирче Ќорнаков (47) од Гевгелија, еден од најдобрите мото- крос возачи во Македонија е параглајдеристот кој бил пронајден мртов, вчера во близина на манастирот „Свет Илија“, над гевгелиското село Серми. Тој починал откако по успешното слетување со параглајдерот му се слошило, па набрзо починал.
Полицијата добила дојава околу 15 часот по што излегла на местото. Таму било утврдено дека починатиот е М.Ќ.(47) од село Мрзенци. Тој бил член на Клуб за екстремни спортови.
Според полицијата, М.Ќ.претходно летал со параглајдер и успешно слетал, но потоа му се слошило и по кратко време починал. Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт.Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Гевгелија.По Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.
Со неколкукратниот првак на Македонија, денес на социјалните мрежи се простуваат негови пријатели, колеги, почитувачи…
Го опишуваат како добар пријател, зависник од андреналин, љубител на спортот. Освен што бил посветен на мото- крос возењето, во последните години се интересирал и за параглајдерство.