Шампионите Вориорс победија со кош во последната секунда, Чикаго со пресврт кај Кливленд

Актуелниот шампиони во НБА Лигата, Голден Стејт Вориорс во синоќешните дуели со 129:127 ги совладаа Лос Анџелес Клиперс, додека Чикаго Булс со пресврт во второто полувреме славеа над Кливленд Кавалирс.

За Вориорс победничкиот кош го постигна Стеф Кари, на 0,5 секунди пред крајот на натпреварот. Кари натрпеварот го заврши со 42 кошови и 6 скокови, додека Кевин Дјурант додаде 35 поени и 12 скокови. Кај Клиперс најефикасни беа Тобиас Харис со 32 погодоци и Данило Галинари со 25 кошеви и 11 скокови.

Кливленд Кавалирс впишаа домашен пораз до 92:112 во дуелот со Чикаго Булс. Кавалирс одиграа одлично прво полувреме по кое водеа со 59:54, но во вториот дел нивната игра се распадна. Третата четвртина Булс ја добија со 15 разлика (30:15), а последната со 10 разлика (28:18).

Булс до победата ги предводеше Лори Маркканен со 31 кош, додека Крис Дан додаде 17 кошеви. Кај Кавалирс најефикасни беа Ларио Нанс со 20 кошеви и 6 скоковои, и Џеди Осман и Џордан Кларксон со по 17 погодоци.

Мемфис Гризлис со гостинската победа од 107:99 кај Лос Анџелес Лејкерс ја прекинаа низата од пет последователни порази. Домашните настапија без Мајкл Бизли кому му почина мајката по тешка болест, а тој оваа сезона пропушти 13 натпревари за да мине што повеќе време со мајката, а во средината на декември ја доведе на мечот против Вашигнтон, бидејќи имала желба да го гледа синот во дресот на Лејкерс.

Кај Лејкерс најефикасен беше Леброн Џејмс со 22 коша и 14 скокови, додека Брендон Џонсон додаде 20 поени. Кај Гризлис, пак, најефикасни беа „рукито“ Џарен Џексон џуниор со 27 кошеви, додека Мајк Конли и Марк Гасол додоа по 17 погодоци.

Индијана Пејсерс беа поодбри од Вашингтон Визардс со 105:89, што е нивната деветта победа во последните 11 натпревари. Визардс вечер претходно играа три продолженија против Феникс Санс и нивниот замор умееја да го искористат Пејсерс.

Во победничкиот тим најефикасен беше Мајлс Тарнер со 18 поени и 17 скоови, а Домантас Сабонис додаде 15 кошеви и 10 скокови а Бојан Богданович 14 кошеви. Кај Визардс најефикасен беше Маркиефф Морис со 16 кошеви и 6 скокови, додека Томас Брајант даде 11 коша. Разочара Џон Вол кој постигна само седум поени.

Во неизвесен натпревар Минесота на гостувањето ја совлада Оклахома Сити со 114:112, и ова е само втора победа во последните осум дуели за Тимберволфс, додека Тандерс ја прекинаа серијата од четири победи. Воедно ова е првата гостинска победа сезонава на Минесота против некоја екипа од Западната конференција.

Најдобар играч на мечот беше Ендрју Вигинс кој постигна 30 кошеви, вклучително и решавачкиот на 14 секунди до крајот на мечот, а додаде и 6 скокови и 5 асистенции. Карл-Ентони Таунс додаде 18 поени, а Роберт Ковингтон 13 кошеви. Кај домашните најефикасни беа Пол Џорџ со 31 кош и 11 скокови, додека Расел Вестбрук додаде 23 коша,. 11 скокови и 10 асистенции што му е 113-ти „трипл-дабл“ во кариерата.

Бруклин со 111:103 го надигра Феникс. Кај домашните најефикасни беа Спенсер Динвиди со 24 коша и 7 асистенции, и Данџело Расел со 18 кошеви и 8 асистенции, додека гостите ги предводеа Деандре Ејтон со 26 поени и 18 скоковои и Деви Букер со 25 кошеви и 9 асистенции.

РЕЗУЛТАТИ

ЛА Лејкерс – Мемфис 99-107

Детроит – Атланта 95-98

Индијана – Вашингтон 105-89

Оклахома Сити – Минесота 112-114

Кливленд – Чикаго 92-112

Бостон – Шарлот 119-103

Бруклин – Феникс 111-103

Орландо – Мајами 91-115

Сакраменто – Њу Орлеанс 122-117

Голден Стејт – Лос Анџелес Клиперс 129-127

 

ПЛАСМАН

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Торонто 35 25 10 71.4
Милвоки 32 22 10 68.8
Индијана 34 22 12 64.7
Филаделфија 34 22 12 64.7
Бостон 32 19 13 59.4
Шарлот 32 16 16 50.0
Мајами 32 16 16 50.0
Детроит 31 15 16 48.4
Бруклин 35 16 19 45.7
Орландо 32 14 18 43.8
Вашингтон 34 13 21 38.2
Атланта 33 9 23 28.1
Чикаго 34 9 25 26.5
Њујорк 34 9 25 26.5
Кливленд 34 8 26 23.5

 

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Денвер 31 21 10 67.7
Голден Стејт 34 23 11 67.6
Оклахома Сити 32 21 11 65.6
ЛА Лејкерс 33 19 14 57.6
Портланд 33 19 14 57.6
ЛА Клиперс 33 19 14 57.6
Сакраменто 33 18 15 54.5
Хјустон 32 17 15 53.1
Сан Антонио 34 18 16 52.9
Мемфис 34 17 16 51.5
Јута 34 16 18 47.1
Далас 32 15 17 46.9
Минесота 33 15 18 45.5
Њу Орлеанс 34 15 19 44.1
Феникс 34 8 26 23.5