
Во дербито од 27-то коло на германската Бундеслига, РБ Лајпциг на домашен терен го совлада актуелниот шампион и убедливо водечкиот на табелата минхенски Баерн со 2:1.
Баерн поведе со голот на Сандро Вагнер во 12 минута, а израмни Наби Кеита во 37 минута. Стрелец на победничкиот гол за Лајпциг беше Тимо Вернер во 56 минута.
Борусија Дортмунд на домашен терен го совлада Хановер со 1:0, а стрелец на победоносниот погодок беше белгискиот напаѓач Мичи Батшуаји во 24 минута. Ова е неговиот најубав гол, откако во јануари пристигна од Челзи, а во досегашните дванаесет натпревари за Борусија постигна осум погодоци.
Келн на својот стадион со 2:0 го победи Баер Леверкузен, побегнувајќи од последното на претпоследното место на табелата со 20 бодови. Последен сега е ХСВ Хамбургер кој во саботата дома беше поразен од Херта со 1:2, и остана на 18 бодови. ХСВ, кој досега никогаш не испаднал од Бундеслигата, нема постигнато победа во последните 14 првенствени натпревари.