Шампионот и без Кари подобар од „Сан Антонио“

Актуелниот шампион во НБА лигата, „Голден стејт вориорс“ и без капитенот Стеф Кари, кој се повреди на самиот почеток од натпреварот, го победи „Сан Антонио“ во дербито на Западната Конференција.

Кари по две минути игра се повреди, виткајќи го десниот скочен зглоб. Од линијата за слободни фрлања ги постигна првите поени на тимот и единствени свои и повеќе не се врати на паркетот. „Сан Антонио“ одигра подобро од својот домаќин во продолжението, па по првото полувреме имаше водство од 50-46.

Со мали прекини, предноста ја држеше и во втората половина од мечот, во последната четвртина влезе со плус девет, но тогаш на сцена стапи Кевин Дурент. Постигна 14 поени едноподруго во завршницата од натпреварот и поттикна серија од 8-0 со која Вориорс поведоа со 108-105 на 16 секунди до крајот. На крајот успеа да победи со 110-107.

Дурент го заврши натпреварот со 37 поени и 11 скока, а недоволен пандан му беше Ламаркус Олдриџ со 30 коша и 17 скока. Голден стејт победи седми натпревар по ред, собра 51 победа, колку и лидерот Хјустон, но има еден пораз повеќе.