Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Ф.К: Вардар од вчера има нов сопственик. Порталот Фактор објави дека клубот е продаден за 32.500 евра.
Со блок трансакција вчера на берзата беа продадени сите 100 акции на Ф.К. Вардар по цена од 20.000 денари за акција. Прометото „топтан“ изнесува 2 милиони денари. Продавач на сите акции е ракометниот клуб Вардар кој пак еопственост на бизнисменот Сергеј Самсоненко, пишува Фактор.
Новиот сопственик, чие име дополнително официјално ќе биде објавено во финансискиот извештај за 2021 година што треба да биде доставен до берзата, всушност со купувањето на најтрофејниот клуб превзеде и долг од три милиони евра од кои еден милион евра се „дупка“ од финансиското работење во 2020 година.
Пред околу два месеци домашните медиуми објавија дека Град Скопје донел одлука со која одобрил продажба на ФК „Вардар“ на скопската компанија „Блу Скај“.