Велат често пати „не е само да купиш убаво, треба да е и квалитетно“, а кога со квалитетното добивате и гаранција на производот од 5 години, тогаш тоа е вистинска добитна комбинација. Samsung за своите клиенти им доделува 5 години безгрижност при користење на одредени иновативни, одржливи и паметни апарати за домаќинството со кои ќе уживате во модерното секојдневие.
Безвременски стил и супериорни функции на фрижидерот
Фрижидерите на Samsung се прилагодени на сечиј стил на живот и се создадени за комплетно користење на просторот и паметна организација. Благодарение на исклучителната технологија SpaceMax, просторот за складирање е значително поголем, додека потрошувачката на електрична енергија останува иста. Исто така, посебно внимание е посветено на подобрување на карактеристиките, за да ги задоволат потребите на најпребирливите корисници. Уникатниот All-Around Cooling систем рамномерно ги лади сите намирници, така што тие ја задржуваат својата свежина подолг период, додека технологијата No Frost одржува стабилна температура и спречува формирање на мраз. Забавата и дружењето со саканите ќе биде уште поубаво со разладените пијалоци и мраз, благодарение на функцијата Power Freeze која ја поставува најниската температура за замрзнувачот. Доколку сте заборавиле да го изладите виното, не грижете се, постои опција Power Cool која интензивно ги лади пијалоците и храната. А за неодоливиот дизајн на фрижидерите на Samsung нема потреба ни да се коментира, бидејќи штом ќе го видите, веднаш ќе посакате да биде дел од вашата модерна кујна.
Со Samsung рерните скратете го времето поминато во кујна
Рерна која прави крцкави компирчиња и наместо масло користи топол воздух, или ултра модерна рерна која вклучува и микробранова печка, се супер решенија за вашиот дом кои ќе ви го олеснат подготвувањето на ручекот и ќе го намалат времето кое го поминувате во кујната. Како? Преку wi-fi поврзување со рерната, на вашиот паметен уред ќе можете да го следите готвењето на храната, да ја вклучувате или исклучувате рерната и секако да ја прилагодувате температурата на која ја подготвувате вкусната храна. И можеби најважното – времето ќе ви го заштеди бидејќи, освен тоа што има двојни вентилатори за побрзо готвење, во неа можете да готвите и неколку различни јадења одеднаш без мешање на мирисите или вкусовите. И нека не ве изненади и можноста вашата рерна да ви дава персонализирани рецепти и препораки за неделен план на оброци според вашите желби и преференции.
Идеални машини за перење алишта: енергетски ефикасни, штедливи и еколошки
Паметните машини за перење со AI на Samsung поседуваат еколошки карактеристики кои ќе ви овозможат да ја искусите секојдневната одржливост без жртвување на перформансите. Како најдобри енергетски ефикасни машина на пазарот, опремени се и со технологијата AI Ecobubble™ на Samsung која овозможуа вашите алишта да се исперат во ладна наместо топла вода, без додавање дополнително време на циклус со што ќе заштедите до 70% од потрошувачката на енергија. Да не ги заборавиме и високите стандарди за чистота и хигиена на облеката, благодарение на кои детергентот бргу ќе навлезе во вашите ткаенини и ќе го подобри отстранувањето на нечистотијата до 24% дури и во ладна вода, истовремено зачувувајќи ја бојата и текстурата на облеката со зголемена нега на ткаенина до 45,5%. Паметните машини за перење на Samsung со AI доаѓаат и со сензори за перење кои ја мерат тежината на алиштата и нивото на валканост за да обезбедат оптимална количина на вода, детергент и енергија кои би се користеле, со што се избегнува нивно непотребното трошење. Не го заборавајте и интелигентното перење со AI Control со што вашето перење е персонализирано преку помнење на вашите навики, истовремено давајќи ви навремени информации и совети за циклусите, а сето тоа на вашиот паметен телефон.
Паметна машина за сушење – целосно сушење на алиштата за само 35 минути
Доколку претходно сте го испрале омиленото парче облека и сакате да го носите што е можно поскоро, машината за сушење на Samsung го намалува времетраењето на сушењето до 35% со активирање на Quick Dry програмата. Програмата SuperSpeed може да се користи истовремено и за сушење на памук и синтетички материјали, кои се сушат за само 81 минута, а доколку имате и машина за перење со оваа опција, можете да ги исперете и исушите алиштата со тежина од 3кг со помош на центрифуга за 39 минути.
Благодарение на високата температура на сушење и програмата за хигиенско третирање на материјалот, можете да се збогувате со микробите. Исушените алишта излегуваат од машината без набори и нема потреба од пеглање. Со вклучување на опцијата за спречување на набори, по завршувањето на програмата за сушење во следните 3 часа, се активира спорадично вртење на барабанот без топлина, што спречува жешките алишта да се натрупуваат на едно место предолго, што би создало набори на ткаенината. Ако свежината на вашата облека е исто толку важна како и чистотата, технологијата Air Wash исто така ќе ја освежи вашата облека.
Сега е вистинско време за купување на одредени модели на Samsung бела техника!
Samsung доделува 5 години гаранција на своите апарати за домаќинството, која важи за одредени модели на фрижидери, машини за перење, вградени кујнски уреди, машини за сушење и комбинирани машини за перење и сушење купени од 1.2. до 31.12.2023 год. Детали за промоцијата можете да прочитате тука, а за производите информирајте се на следните линкови:
https://www.samsung.com/mk/refrigerators/bespoke-refrigerators/rb7300-344l-black-rb34a7b5eb1-ef/
https://www.samsung.com/mk/cooking-appliances/ovens/
https://www.samsung.com/mk/washers-and-dryers/all-washers-and-dryers/?washer