Во рамки на нова соработка, Samsung и финската дизајнерска куќа Marimekko лансираа серија од преку 40 уметнички дела на Marimekko за The Frame и ограничена колекција на модни додатоци на Samsung со иконските принтови Unikko на компанијата Marimekko.
Samsung, глобалниот технолошки лидер и Marimekko, ценетата финска дизајнерска куќа лансира ограничена колекција која ги комбинира радосната модна филозофија и уметноста на принтовите на Marimekko со иновативниот дизајн на Samsung со цел да го инспирираат светот. Оваа соработка вклучува повеќе од 40 дизајни на Marimekko, кои ќе бидат достапни како уметнички дела во Samsung Art Store на The Frame од 1 февруари 2024 година. Подоцна во текот на годината, Samsung, исто така, ќе воведе каталог со ограничена колекција од модни додатоци и со тоа ќе го прошири веќе богатиот избор на производи на Samsung Galaxy со надалеку познатиот цветен принт Unikko, кој ја слави својата 60-годишнина.
„Ние во Marimekko отсекогаш сме го ценеле убавото и радосно секојдневие. Возбудени сме поради нашата нова соработка со Samsung, бидејќи нашите смели принтови ќе станат достапни како модни додатоци и секојдневна уметност за новата публика. Во рамките на оваа соработка со Samsung особено сме среќни што ја прославуваме 60-годишнината на Unikko“, вели Сана-Каиса Ниико (Sanna-Kaisa Niikko), главен директор за маркетинг на Marimekko.
Samsung Art Store и Marimekko: Спој на уметност и иновација
Посветеноста на Samsung на иновациите добива модна нота преку соработката на ограничената колекција, која ги воведува безвременските принтови на Marimekko во The Frame. Колекцијата ќе содржи внимателно одбрана библиотека со 30 дезени на Marimekko и 3 сезонски колекции од 12 принтови, кои ќе ротираат во текот на годината, а тоа ќе им овозможи на корисниците да го трансформираат својот телевизор во волшебно уметничко дело што одговара на секое годишно време.
Колекцијата ќе им понуди на претплатниците на Samsung Art Store богат избор на познати уметнички принтови од: Maija Isola, дизајнерката која создаде преку 500 дезени за Marimekko, вклучително и познатиот цветен дезен Unikko; Фуџиво Ишимото (Fujiwo Ishimoto), наградуван јапонски дизајнер, кој работи со брендот од 70-тите години; Кацуџи Вакисака (Katsuji Wakisaka), уметник познат по своите органски форми и смели бои; Вуоко Есколин-Нурмесниеми (Vuokko Eskolin-Nurmesniemi), прославен поради функционалните и безвременски дизајни; и Мајла Луекари (Maija Louekari), дизајнерка која комбинира цртање наративни линии со вешто користење на моќни површини во силни бои.
„Самсунг е горд што во колекцијата Samsung Art Store за прв пат воведува дела на финска дизајнерска куќа“, вели Софија Монтеиро (Sofia Monteiro), менаџер за производи во Samsung Art Store за Европа. „Нашата визија е со ова партнерство директно на нашите корисници да им понудиме безвременски дизајн, овозможувајќи им да го персонализираат својот животен простор со нота на финска креативност. Колекцијата беше внимателно избрана за да го внесе познатиот дизајн во вид на принтови во домовите на нашите корисници и да продолжи да им нуди вредности“.
Уметничките дела ќе бидат достапни во Samsung Art Store, претплатничка услуга која е исклучиво достапна на The Frame и која им овозможува на корисниците да прелистуваат и поставуваат дела од каталог со преку 2.500 уметнички дела од најреномираните светски музеи, галерии, како и дизајнерски куќи, сега вклучувајќи ги и познатите дизајни на Marimekko.
Модни додатоци на Samsung: спој на познатиот принт Unikko и секојдневните додатоци
Samsung веќе долго време работи на комбинирање разиграни бои, иновативен дизајн и креативност кај своите производи, како што се револуционерните модели Flip и Fold. Оваа година, Samsung дополнително ќе го подобри својот дизајн и ќе ја прошири својата модна палета преку соработката на оваа ограничена колекција со Marimekko.
Како дел од оваа ограничена соработка, палетата на модни додатоци, како футролите за телефони, футролите за Galaxy Buds и ремените за часовници, ќе претрпи стилска трансформација благодарение на познатиот принт Unikko. Оваа соработка ќе им овозможи на корисниците на Samsung да го збогатат својот секојдневен живот со персонализиран стил, и тоа не само корисниците кои водат сметка за дизајнот, туку и почетниците, имајќи предвид дека оваа колекција нуди широк избор на додатоци кои се разновидни и привлечни за корисници со различни интереси.
„Samsung е горд што соработува со реномираната финска дизајнерска куќа Marimekko“, вели Оскар Нујд (Oscar Nöjd), директор за иновации на производи во одделот за мобилни уреди во Samsung Electronics Nordic AB. „Ова партнерство ќе им овозможи на нашите корисници да уживаат во забавниот, светски познат фински дизајн во своите секојдневни модни додатоци, од футроли за телефони до ремени за часовници, итн.