Самуел Ето избран за претседател на Фудбалската федерација на Камерун

Поранешната фудбалска ѕвезда Самуел Ето е избран за претседател на Фудбалската федерација на Камерун (FECAFOOT), еден месец пред неговата земја да биде домаќин на Африканскиот куп на нации.

Четириесетгодишниот Ето, кој во кариерата настапуваше за Барселона, Интер и Челзи, го презема раководењето со националниот сојуз, засенет со лошо менаџирање, корупција и внатрешни несогласувања.

Ето во изборот за претседател на FECAFOOT го победи досегашниот прв човек на камерунскиот фудбал Сеиду Мбомбо Нјоја, кој ја предводеше федерацијата од 2018 година, но неговиот избор во јануари го поништи Меѓународната спортска арбитража (CAS).