Сан Антонио најверојатно ќе ја има најдобрата центарска линија во НБА лигата, се разбира доколку нивниот план се оствари.
Како што пренесуваат американските медиуми, “Спарси” ќе го ангажираат и 34-годишниот Дејвид Вест за ветерански минимален договор.
Двокраниот Ол-стар би дошол од Индијана, тим кој го напушти бидејќи смета дека не се конкретни во борбата за титулата.
Вест минатата сезона просечно бележеше 11,7 поени и 6,8 скокови по натпревари.
“Мамузите” пред неколку дена го ангажираа еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата на центарската позиција Ламаркус Олдриџ, а Ману Џинобили најави дека ќе го продолжи договорот за уште една година.
Сите овие засилувања ќе го вбројат Сан Антонио во најтесниот круг кандидати за НБА титулата следната сезона.