Шпанскиот премиер Педро Санчез во неделата пред да допатува во посета на Македонија, изјави во Црна Гора дека оваа земја е водечката држава којашто чека на полноправно членство во Европската унија и особено ја пофали Подгорица затоа што се усогласила со Брисел во поглед на руско-украинската војна.
По средбите со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и премиерот Дритан Абазовиќ во Подгорица, Санчез истакна дека Шпанија му дава целосна поддршка на црногорскиот пар во ЕУ.
„Црна Гора мора да биде обединета, стабилна и мора да ги спроведе потребните реформи. Може да одиграте важна улога со цел да се постигне стабилност во регионот“, рече Санчез.
Додаде дека Црна Гора целосно ја усогласила својата надворешна политика со политиките на ЕУ, особено во врска со војната во Украина.
„Ние ги споделуваме истите принципи. Тука, исто рака, ги примивте Украинците кои бегаа од хоророт во нивната земја и покажавте голема солидарност со земјата којашто е во војна“, рече Санчез.
Ѓукановиќ рече дека примањето на земјите од западен Балкан во ЕУ е „најдобрата можна геополитичка инвестиција во мирот и безбедноста“ на европскиот континент.
„Согласни сме дека Црна Гора е во најдобра позиција да ја искористи дополнително отворената врата на ЕУ по трагичното искуство на Европа со агресијата на Русија врз Украина“, рече Ѓукановиќ.