Санчез: Вреди да се биде дел од ЕУ

Секогаш вреди да се биде дел од европскиот и политички проект – Европската унија, рече во неделата велерта шпанскиот премиер премиерот Педро Санчез, споделувајќи го шпанското искуство со реформите за влез во Унијата, по средбата со македонскиот премиер Димитар Ковачевски во Скопје, каде долета од Црна Гора во рамките на неговата турнеја по земјите на западен Балкан.

На прес-конференцијата со премиерот Ковачевски шпанскиот премиер рече дека „Македонија е во Европа, како географски, така и историски„ и дека сега земјата е еден чекор поблиску до посакуваната цел. Тој вели дека Македонија може да смета на поддршката од Шпанија за следните чекори за членство во ЕУ.

Посетата на регионот, Педро Санчез ја оцени како „симболична“ поради две „основни причини: прво дека пред неколку дена се деблокира процесот за отпочнување на преговорите на Македонија и Албанија со ЕУ и второ, како што рече, обединетоста против бруталната агресија на (русркиот претседател Владимир) Путин во Украина“.

„Благодарност за вашата широкоградост и одговорност, што ја ставивте иднината на земјата и вашата европска визија пред било кој друг интерес. Ја направивте правиот избор, го деблокиравте патот што ќе ја доведе Северна Македонија на местото каде што треба да биде“, рече шпанскиот премиер на заедничката прес-конференција со неговиот домаќини.

Премиерот Ковачевски порача дека денешната посета е симбол на речиси 30-годишните одлични билатерални односи меѓу двете земји, изразувајќи благодарност за силната поддршка на Шпанија за членство на Северна Македонија во ЕУ.

„Ние сме подготвени за ЕУ и со цврст чекор одиме напред кон полноправно членство во Унијата. Тоа е процес од кој нема да отстапиме, бидејќи нашето место е во ЕУ. Затворивме едно поглавје и отвораме ново, европско, во кое ќе делиме европска иднина со нашите пријатели, како што е Шпанија“, изјави Ковачевски.

Посетата на Педро Санчез Перез-Кастехон на Македонија е дел од неговата турнеја низ земјите од Западен Балкан, што ги вклучува и Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија.

Санчез, по средбата со премиерот Димитар Ковачевски, се сретне и со претседателот на држават Стево Пендаровски.

Пендаровски истакна дека Шпанија низ годините се покажа како важен партнер на Северна Македонија на билатерален и мултилатерален план и принципиелен поддржувач на аспирациите за членство во Европската Унија.

На средбата беше посочено дека претстојното претседателство на Македонија со ОБСЕ во 2023 година и претседателството на Шпанија со Европската унија во втората половина на 2023 година се добра можност за меѓусебно координирање во однос на активностите и приоритетите, соопштија од Кабинетот на Пендаровски.