Кандидатот за претседателската номинација во Демократската партија, Берни Сандерс, во четвртокот претстави стратегија која ќе чини 16,3 трилиони долари за борба против климатските промени во текот на посетата на северна Калифорнија во текот на којашто се сретна со семејствата на преселените поради смртоносните пожари и одржа собир во главниот град Сакраменто.
Според планот „би започнала деценијата на Зелениот Њу-дил“, десетгодишна сојузна „мобилиација“ која климатските промени би ги вклучила во секоја политичка акција, од имиграцијата до надворешната политика, со ветување дека со тоа ќе се отворат 20 милиони работни работни места.
САД, според презентираната стратегија, би произведувале 100 отсто чиста енергија од обновливи извори до 2030 година, и би постигнале „целосна декарбонизација“ до 2050 година.
„Масовно ќе вложуваме во енергијата од ветрот, сончевата енергија и другите одржливи енергии“, рече Сандерс пред масата која одушевено го поздравуваше во паркот во градскиот центар, и покрај големата горештина.
Обраќајќи се пред околу пет илјади луѓе во паркот и околу него, Сандерс ги обвини нафтените компании дека се подготвени да ја уништат планетата поради своите кусорочни профити.
„Не можеме да го вртиме грбот пред оваа криза. Мораме да го водиме целиот свет во нова енергетска насока“, истакна Сандерс.
Неговата стратегија опфаќа десетици стратешки планови САД бескомпромисно да се откажат од фосилните горива во производството на електрична енергија, транспортот и во градежниот сектор. Целта е да се обнови американското лидерство во борбата против климатските промени во рамките на Парискиот климатски договоро и потрошувачката на илјадници милијарди долари за помош на работниците во секторот на фосилни горива и ранливите малцински заедници во преминот на зелената економија.