Кандидатот за номинацијата на Демократската партија за ноемвриските претседателски избори во САД, сенаторот до сојузната држава Вермонс, Берни Сандерс, не планира да се повлече од предизборите, и покрај лошиот резултат на гласањетово низа сојузни држави во вторникот, објави во средата весникот The Washington Post.
Сандерс ќе им се обрати на новинарите во 13 часот по локално време во државата Вермонт којашто ја претставува во Сенатот, и ќе ги даде најновите информации за кампањата, објавил неговиот изборен штаб. Весникот тврди дека Сандерс нема намера да се повлече од предизборите.
Пораншениот потпретседател Џо Бајден победи на предизборите во Мичиген, каде што Сандерс во 2016 година ја порази силно Хилари Клинтон, и уште во три други сојузни држави во вторникот, со што ја зголеми својата предноста пред Сандерс.
Сандерс, кој победи во Северна Дакота, мораше да го откаже предизборниот собир во Кливленд поради мерките за сузбивање на пширњењето на коронавирусот, и сѐ уште во јавноста не ги коментираше резултатите од предизборите.
Бајден, пак, се посвети на американските претседателски избори кои ќе се одржат на 3-ти ноември, и повика на единство во партијата испраќајќи им порака на гласачите на Сандерс.
„Споделувам заедничка цел и заедно ќе го победиме (републиканскот претседател) Доналд Трамп“, рече Бајден во Филаделфија.
До пред две седмици Сандерс беше во водство по импресивната победа во Невада кон средината на февруари, додека гласовите на Бајден и другите центристички кандидати бра разединети.
Од тогаш Бајден победи во повеќе сојузни држави, а кандидатите како Мајкл Блумбер, Пит Бутиџиџ и Ејми Клобучар, се повлекаа од трката и го поддржаа, додека Сандерс не ја доби поддршката од ривалката од левото крило на демократите Елизабет Ворен, која исто така се повлече од предизборите.