
Кандидатката на левиот центар Сандра Торес на првиот круг од претседателските избори во Гватемала за повеќе од седум прецентни поени пред најблискиот конзервативен конкурент Алехандро Џиаматеи, покажуваат резултатите по пребројаните гласови на 20 отсто од гласачките места.
Сандра Торес од Партијата на националното единство и надеждта, и поранешна прва дама на Гватемала, според прелиминарните резултати на изборната комисиај добива 23,33 гласови, додека второпласираниот Џиаматеи освојува 15,70 отсто.
Претходните анкети на Торес ѝ даваа околу 20 отсто гласови, пред ветеранот на десницата Алехандро Џаматели, со околу 14 посто. Меѓутоа, во вториот круг, според анкетие, ќе победи кандидатот на десницата.
За победа во првиот круг кандидатот мора да освои повеќе од 50 отсто од вкупниот број гласови, а имајќи предвид дека учествуваат 19 претседателски кандидти, извесно е соочувањето на двајцата кандидати со најмногу освоени гласови во вториот круг, предвиден за 11-ти август.
Избирачките места во неделата во Гватенма беа отворени за парчаментарните и првиот круг од претседателските избори, по кампањата одбележана со смртни закани за водечката судијка од антикорупцискиот оддел која по заканите побегна од земјата.
Осум милиони гласачи избираа 160 пратеници, 340 градоначалници и 20 претставници во парламентот. Меѓутоа, целото внимание е насочено на изборот на шефот на државата со мандат од пет години, во земјата којашто ја одбележува корупцијата, насилството и сиромаштијата.
Спроведувањето на изборите го обезбедуваа 40.000 полицајци, но мораа да бидат прекината во општините на истокот од земјата каде што се многу активни бандите кои ја контролираат трговијата со дроги поради заканите со убиства на носителите на локалните власти.
Според анкетите, меѓу главните кандидати најмногу шанси за победа имаа токму Сандра Торес, којашто стана позната во периодот од 2008 до 2012 година во текот на мандато на нејзиниот тогашен сопруг Алваро Колом, кога беше координатор на Советот за социјални прашања. Шеесет и четиригодишната Торрес во кампањата вети дека ќе испрати војска на улиците за да се спротистави на насилството на бандите, и дека ќе се бори против сиромаштијата со јакнење на социјалните програми.