Сандро ќе ја продолжи кариерата во Јувентус

Алекс Сандро и Порто ја завршуваат заедничката авантура, Бразилецот продолжува со Јувентус

Според овој реномиран италијански медиум, Сандро ќе ја продолжи кариерата во Јувентус, а “старата дама” ќе плати 25 милиони евра.

Иако 24-годишниот бразилски репрезентативец имал понуди од Манчестер Сити и Реал Мадрид, но сепак се решил за италијанскиот шампион, што е вкупно петто засилување за Јувентус. Претходно во клубот пристигнаа напаѓачите Паоло Дибало од Палермо, Марио Манџукиќ од Атлетико Мадрид и Симеоне Заза од Сасуоло, како и фудбалерите Роберто Переира од Удинезе, кој беше откупен по ланската позајмица и Сами Кедира од Реал Мадрид, кој пристигна како слободен агент.

Сандро веќе пристигна во Торино, во текот на денот ќе се појави на лекарски прегледи
Сандро веќе пристигна во Торино, во текот на денот ќе се појави на лекарски прегледи

Сандро кариерата ја започна во Атлетико Параенсе, во 2010-та година се пресели во Сантос. Како и да е, во славниот бразислки фудбалски клуб се задржа само една година, пред да се пресели во Португалија за 10 милиони евра.

На “Драгау” одигра околу 100 натпревари и запиша 8 погодоци, а важи за еден од најдобрите леви бекови во светот.