Молдавската претседателка Маја Санду изјави во четвртокот дека обединувањето на нејзината земја со Романија е возможно само доколку оваа идеја добие поддршка од населението.
Претходно поранешниот молдавски премиер Јуриј Леанка изјави дека земјата треба да се обедини со Романија за да добие заштите од НАТО и Европската унија од наводната воена закана.
Изјавите доаѓаат откако претходно седмицата во самопрогласената непризнаета Приднестровска молдавска република беа изведени најмалку терористички напади, чиишто извршители, како што беше објавено во Тираспол, дошле од територијата на Украина. Покрај тоа, во средата властите на самопрогласената република извести дека од украинска територија бил отворен оган во правец на селото Колбасна, каде што се наоѓаат воени магацини.
Потоа во средата Олексиј Арестович, советни во кабинетот на украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека Украина е подготвена да ја окупира областа на Приднестровје, доколку Молдавија тоа го побра од Киев.
„Тоа (обединувањето) може да се случи само со поддршка на народот. Кога народот ќе каже дека го сака тоа, тоа и ќе се случи. Додека народ не сака или нема критична маса луѓе кои ја подджруаат таа цел“, изјави Санду за телевизијата Jurnal TV, одговарајќи на прашањето кога може да се случи обединувањето на двете земји.
Според молдавското законодавство, таквите прашања мора да бидат решени преку седржавен референдум.
Во 1918 година Романија воено навлезе на теротиријата на современата Молдавија, а создадениот тогаш Совет во Кишинев гласаше за обединување со двете земји. Од јуни 1940 година, територијата на современа Молдавија повеќе не беше дел од Романија. Во двете земји секогаш имаа поддржували на идејата за обединување, или „унионизмот“, односно обединувањето на Романија и Молдавија со укинување на втората како засебна држава. Според анкетите, повеќе од 50 отсто од молдовското население се противат на присоединувањето на Романија.
Молдавската влада минатиот петок изрази загриженост откако заменикот-командант на рускиот Централен воен округ, генерал-мајорот Рустам Минекаев, зборувајќи за целите на руските воени дејствија во Украина е да се спојат обласите под контрола на руските сили во Украина што ќе претставува уште еден слободен правец кон областа Приднестровје, каде што според негова оцена е забележано, исто така, непочитување на правата и угнетување на рускојазичното население.
Контролата на југот на Украина, според Минекаев, ќе претставува уште еден слободен правец кон областа Приднестровје, каде што според негова оцена е забележано, исто така, непочитување на правата и угнетување на рускојазичното население.
На територијата на Приднестровје од 1990-те години е распоредена оперативна група на руските војски, која ја земни 14-та комбинирана армија, којашто по распадот на СССР беше поставена под јурусдикција на Русија. Нејзината главна задаче е мировната мисија и заштита на воените складиште.
Приднестровје, или Трансднестрија, каде што главно живеат Руси, русофони и Украинци, во 1990 година, пред распадот на СССР се отцепи од советската република Молдавија, стравувајќи од тенденциите на оваа земја, каде што официјален јазик е романскиот – да се присоедини кон Романија. По две години избувна кусиот судир. Во војната која избувна во овој регион во 1992 година загинаа околу 1.500 лица. Оттогаш, практично Приденстровје е независно иако не е признато од ниедна држава, а меѓународната заедница го смета за составен дел од Молдавија, земја со 3,5 милиони жители меѓу Романија и Украина.
Рускиот баталјон со 400 припадници беше испратен по вооружениот конфликт од 1992 година меѓу Молдавија и Приднестровје, како дел од меѓународните мировни сили, во кои се вклучени и воени набљудувачи од Молдавија и од Украина.
Парламентот во Приднестровје кон средината на април 2014 година поднесе барање до рускиот парламент и претседателот на Руската Федерација да започнат процедура за признавање на независноста. Одлуката се заснова врз резултатите од референдумот од 2006 година кога дури 97 отсто од гласачите ја поддржале независноста на Приднестровје како и барањето за присоединување кон Русија.