Репрезентативецот на Франција и сега веќе поранешен фудбалер на Арсенал, во следните три сезони ќе го носи дресот на новиот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити.
Офанзивниот десен бек веќе го потпиша понудениот договор кој му гарантира неделна заработувачка од 150 илјади фунти што е за 50 илјади фунти поголема од таа што му ја понудија раководните лица на лондонскиот премиерлигаш.
„Сакам да им се заблагодарам на сите во клубот за прекрасните седум години минати овде, почнувајќи од навивачите, соиграчите, раководството и секако на Арсен Венгер за прекрасните спомени што ги имавме заедно во овој период. Почнувам нова епизода во својата кариера, но би сакал да му посакам на Арсенал се најдобро во иднина“, изјави Сања.