Сања се сели од Емирати на Итихат

Репрезентативецот на Франција, Бакари Сања најверојатно ќе биде последниот фудбалер кој прво го има носено дресот на Арсенал, а потоа тој на Манчестер Сити.

Англиските медиуми се убедени дека најбогатиот клуб во Премиер лигата, Манчестер Сити ќе излези како победник во трката по потписот на офанзивниот бек кој на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер.

Последната понуда на Арсенал за нов 2-годишен договор и за неделна плата од 60 илјади фунти, еспресно беше одбиена од францускиот интернационалец со образложение дека сака најмалку 3-годишен договор и неделна плата од 100 илјади фунти.

За разлика од тие на Арсенал, челниците на Манчестер Сити се подготвени да му ја исплнат желбата на Сања кој повторно ќе соработува со поранешните тимски колеги, Самир Насри и Гаел Клиши.