Санката на Дедо Мраз ја влечат женки

Бидејќи е на челото северниот елен наречен Рудолф, за кого пред две години науката „утврди“ зошто има црвен нос, многумина претпоставуваа дека санката на Дедо Мраз, главното средство за неговата неверојатна планетарна дистрибуција на подароците за децата, ги влечат само мажјаците од овој вид.

Меѓутоа тоа е погрешно верување, вели зоологот Ендрју Хебда од музејот Нова Шкотска во Халифакс и докажува дека станува збор за женки, пренесува канадската јавна телевизиска мрежа CBS.

И мажјаците и женките на северниот елен имаат рогови и се единствениот вид елен со ваква карактеристика. Мажјаците во текот на сезоната на парење со своите рогови се борат за женките и тие во текот на есента им отпаѓаат.

„Женките, од друга страна, ги задржуваат роговите сѐ до котењето, што се случува некаде на пролет. Значи, единствени северни елени кои во овој период од годината имаат рогови се женките“, вели Хебда.

На сликите, во филмовите или во форма на играчки, северните елени на Дедо Мраз се прикажани главно со рогови. А тоа е погрешно, тврди науката.

Иако донекаде го расветлија прашањето кој ја влече санката на најочекуваниот дедо, научниците сѐ уште не дадоа одговор на другото важно прашање: како е можно северните елени да летаат? Но тоа, е некоја друга приказна.

 

Научниците открија зошто еленoт на Дедо Мраз има црвен нос

Еленот на Дедо Мраз, Рудолф има многу црвен нос, бидејќи тој претставува температурна „сијаличка“ која им овозможува на сложените очи на северниот елен кои може да гледаат во ултравиолетовиот дел од спектарот да ги видат пречките при летањето низ за нив невидливите облаци и магли, беше објавено зимата 2015 година во статијата во списанието Frontiers for Young Minds.

Според приказната на познатиот писател Роберт Мај, црвеноносиот елен Рудолф е водачот на санката на Дедо Мраз, кој преку ноќното небо на божикната ноќ го возат деветте елени. Носот на Рудолф, кој прво бил причината за потсмев од другите северни елени (собови), помага, според приказната, да му го осветли патот на Дедо Мраз.

Натаниел Домини, од Дартмутскиот колеџ во американскиот град Хановер, нашол начин како да се опише смислата на овој необичен јарко светол нос од научен аспект, проучувајќи ги неговите функции во анатомијата и животот на елените, кои научниците неодамна ги откриле.

На пример, во октомври 2013 година научниците откриле дека бојата на очите на елените се менуваат според годишните времиња, станувајќи жолти во текот на летото, и сини во зима. Благодарејќи на таквите промени на бојата, што се должи на „растегнувањето“ на мрежницата во супстратот, ткн тапетум, со што елените во зима се стекнуваат со способноста да ја видат ултравиолетовата светлина, а чувствителноста на нивното око за сината светлина забележливо се зголемува за сметка на острината на видот.

Домини смета дека не постои причина да се верува оти Рудолф и неговите собраќа немаат таков квалитет во температурата, кој треба да им помогне да се ориентираат во темнината на божикната ноќ за време на летот околу светот на Дедо Мраз.

Сепак, постои еден проблем, а тоа е воздухот, особено водената пареа и маглата кои многу добро ги апсорбираат и распрснуваат ултравиолетовите зраци и сината светлина, што би требало практично да го ослепи Рудолф во моментот кога тој би влетал во облак во пониските слоеви од атмосферата или кога лета низ магла.

Тогаш, според Домини, до израз доаѓа црвениот нос на еленот, доколку тој засвети, како што пишува во својата приказна Мај, ќе го осветлува патот низ маглата и облаците, овозможувајќи му на Дедо Мраз да види што го очекува во или зад нив.

Единствениот проблеми за Рудолф е што таквиот голем и црвен нос мора да содржи мноштво крвни садови, поради што еленот ќе губи голем дел од своја телесна топлина го за загревање на својата „светилка“. Тоа значи дека Дедо Мраз, и секако дечињата, мора да го хранат повеќе отколку другите елени од санката, смета биологот.