Санкции за 65 возачи за непрописно престигнување

Денеска (17.01.2022) во периодот од 07.00 до 10.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Македонија.

Притоа санкционирани се 65 возачи, од кои 22 на територијата на СВР Тетово, 11 на територија на СВР Охрид, 10 возачи непрописно престигнувале на територијата на СВР Струмица…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.