Американскиот заменик државен секретар за менаџмент и ресурси Ричард Верма денеска изјави дека со српскиот претседател Александар Вучиќ разговарал за воведување санкции против субјекти во кои е вклучена Русија како сопственик, нагласувајќи дека тоа е насочено против Русија, а не против Србија.
„НИС е една од две илјади компании. Целта е да се отстрани руската сопственост од нивната сопственичка структура и разговаравме со претседателот за тоа како да се воведе оваа промена во сопственичката структура. Нема да има економски последици за Србија ако руската сопственост во компанијата е отстранета“, рече Верма.
Oчигледно е дека Русија не инвестира во иднината на Србија, што се покажа со фактот дека таа не ги користи за таа цел профитот што го извлекува од НИС, тврди Верма.