Санкционирани 168 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 20, 16 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила и 62 мерки за непрописно паркирани возила.

-Покрај тоа, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола во врска со техничката исправност на автобуси и комбиња кои вршат јавен превоз на патници. Во станица за технички преглед беа однесени 58 автобуси и комбиња, од кои 6 беа технички неисправни. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.