Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (22.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. Изречени се вкупно 201 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, 10 санкции за непрописно престројување на возила, три мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), шест санкции за недавање првенство на мнување на пешаци, четири мерки за возач почетник… „Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, сопштија од таму.