Санкционирани 164 возачи во Скопје, од кои 66 за брзо возење

-Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (25.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 66 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 34 санкции за возење под дејство на алкохол…, соопштија од МВР.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, додаваат од таму.