Санкционирани 214 возачи во Скопје од кои 66 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (03.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 214 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 66 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 37 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), четири санкции за некористење сигурносен појас…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.