Во периодот од 03.05 до 08.05 спроведена е зајакната акциска контрола на територијата целата држава за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 237 возачи.
Од нив дури 142 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 53 возеле без возачка дозвола, 16 возеле со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, двајца возеле под дејство на алкохол при што од сообраќај се исклучени 42 возачи. Санкционирани се и други прекршоци.