Санкционирани 72 возачи за брзо возење и 48 за возење под дејство на алкохол во Скопје

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 224 санкции за сторени прекршоци во сообраќајот меѓу кои 72 за брзо возење и 48 за возење под дејство на алкохол.

Министерството за внатрешни работи денеска инфомираше дека се санкционирани и 26 возачи кои возеле без возачка дозвола. Изречени се и осум мерки за нерегистрирани возила, шест за користење мобилен телефон и 11 за возач почетник.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР.