Странското секогаш е подобро, послатко, поубаво, а кај нас нема работа, кине “беспарица”, и сите фаци само “странско” пуштаат… Сценарио од филм или македонска реалност?
Се појавија и забрани, за што може, а што не може да се слуша во македонскиот етер, но и без тоа, некои навики останаа исти, толку големи, што неможе да се прикријат со никакви правила, само со гласна спротивставеност.
Во поддршка на македонската музика и квалитетот на македонските талентирани изведувачи, Сара Мејс и Дамјан Пејчиноски на јавноста решија да ѝ го откријат својот став изразен преку несекојдневна музичка “борба” на ставови, оригинално претставена во нивната нова заедничка песна „Немам пари“.
Во новата песна и видео запис, Сара и Дамјан заедно со квалитетната екипа предводена од актерот Тино Костадиновски и водителот Марко Новески , како и многуте статисти вклучени во целата приказна, на непрепознатлив и оригинален начин, отворено и искрено решија да го претстават своето мислење најдобро што можат – преку музиката.
“Борбата” против самосожалувањето и општествената реалност продолжува, а на фановите и јавноста им останува да се одлучат – кој е за, а кој против.
Новата песна на Сара и Дамјан изобилува со богат аранжман излеан од рацете на Лазар Цветковски, а неизоставна е уникатната изведба на гитара на Пејчиноски.
Музиката на „Немам пари“ е на Сара Мејс и Дамјан Пејчиноски, текстот е на Сара.
Позади видео записот, кој е во режија на Горан Костадинов, стои продукцијата на Горила Филмс, со Васко Павлевски како извршен продуцент.
Директор на фотографија е Кристијан Теодоров, камера оператор е Александар Ивановски, за сценографијаата се погрижи Влатко Чочоровски, а монтажата е на Јован Кучиновски.