Во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија во четврта се разви жестока дебата меѓу активистот на невладините организации финансирани од фондацијата Отворено општество, Петрит Сарачини, на социјалните мрежи познат како „Амон Мра“ и универзитетскиот професор и аналитичар Оливер Андонов.
Андонов потенцираше дека учесниците на Шарената револуција за рушењето на легитимно избраната власт беа наградени од страна на СДСМ со пратенички места.
„Вие заборавате дека ваша награда за учеството во уривањето на државата Република Македонија ви дојде од страна на СДСМ вклучувајќи ваши активисти во парламентот. И тоа е факт дека е така, вие добивте политичка награда и вие дејствувавте политички неграѓански за целото ова изминато време“ вели Андонов.
Сарачини потврди дека учество во Шарената револуција заземале и неколку политички партии, но и дека СДСМ и Заев се главните организатори и учесници, односно носечкиот дел во организирање на протестите што било и логично за СДСМ како најголема политичка партија, како што рече Сарачини.
За потсетување, шарените платеници на Сорос организирани од спрегата СДСМ/Сорос декларираа дека се независни граѓани кои по сопствена волја ги шараа и уништуваа објектите на државните институции, руинираа споменици, ја запалија и ограбија канцеларијата на Ѓорѓе Иванов, притоа повредувајќи десетици полицајци. Ова е едно од ретките признанија на директни учесници во шарената платеничка револуција дека СДСМ е главниот организатор на овие вандалски настани кои завршија со неуспешниот обид да се сруши споменикот на Прометеј во паркот Жена-борец.