Сарафоф или Смирноф беше убиецот? (ФОТО)

Ароганција, неподготвеност да се дискутира со факти, а притоа да се задржи достоинствено ниво на дискусија беше одлика на синоќешната дебата на актуелниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов со поранешниот градоначалник Коце Трајановски.

А, кога згора на тоа, ќе се вмешаат и историски приказни, надвор од надлежноста на градската власт, притоа покажувајќи елементарно непознавање на историските факти поврзани со сопствената држава, тогаш слободно може да се се заклучи дека дебатата отиде во погрешен правец и во блага смисла го допре дното.

Патем, невообичаено за емисијата, која секогаш во текот на разговорот пушта и коментари од гледачите, овој пат коментари не беа дозволени.

Еве дел од коментарите и твитовите на граѓани за емисијата.

Шилегов вика дека Борис Сарафов го убил Ѓорче Петров 😂
Fun fact: Ѓорче Петров починал во 1921, Борис Сарафов во 1907