Sarah Mace и Дамјан Пејчиноски  ја објавија „Лажев“ (Фото и Видео)

 

Sarah Mace и Дамјан Пејчиноски денес ја објавија новата песна насловена „Лажев“.

Музиката на „Лажев“ е на Sarah Mace и Дамјан Пејчиноски, текстот е на Sarah, а аранжманот на Бојан Трајковски.

Новиот видео запис го направија Ѓорги Вацев и Пеце Здравковски, а за светлото се погрижија Нино Митевски и Љубиша Срделиќ. Спотот беше снимен во Македонска опера и балет.

За шминката беа задолжени модното студио ФРАН, а за фризурата Hair House.

Овие два исклучителни македонски музичари отсекогаш се водени од љубовта која ја имаат кон музиката и нивните изведби неретко допираат до сетилата на слушателите. „Лажев“ е нешто што се роди од чувства кои директно ја поттикнаа артистичката елација на Sarah и Дамјан откривајќи нешто посензитивно од вообичаено.