
Демонстрантите прво ги отстранија штиците поставени околу споменикот, по што го врзаа со платна и се обидоа со тегнење да го откорнат. Брзата интервенција на полициските сили ја спречи нивната намера.
Аболираниот криминалец Зоран Заев и неговиот послушник кој насилно беше внесен во МВР како технички министер, Оливер Спасовски издадоа наредба да се фрлаат пластични шишиња кон полицијата и толпата да ги навредува полицајците нарекувајќи ги убијци.
Дел од најистакнатите активисти на шарената револуција почнаа жестоко да ја провоцираат и навредуваат полицијата, која остана присебна и со професионална реакција засега спречи ескалирање на состојбата.
Претходно, по 15 минути минати пред објектот на Владата, протестот се пресели пред Министерството за правда, каде покрај бојосувањето, беа демолирани и стаклата на министерството.