Сари: Играчите ќе одлучат за судбината на Кепа

Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари призна дека можеби ќе го извади голманот Кепа Арисабалага од стартниот состав, иако голманот беше казнет и се извини поради одбивањето да биде заменет во финалето на Лига Купот против Манчестер Сити.

Случајот се разигра во последната минута од продолженијата по редовните 90 минути, кога Шпанецот доби двапати медицинска помош, но кога Сари му кажа на резервниот голман Вили Кабаљеро да влезе во игра, 24-годишниот Арисабалага одби да излезе.