Поранешниот француски претседател Никола Саркози го критикуваше актуелниот претседател Емануел Макрон за распишување предвремени парламентарни избори, оценувајќи дека тоа претставува голем ризик за земјата и за претседателот.
Саркози, кој беше претседател на Франција од 2007 до 2012 година, во интервју за „Журнал ди диманш“ изјави дека одлуката на Макрон може да ја турне земјата во „хаос“ од кој ќе биде тешко да се излезе, пренесува Еурактив.
Зборувајќи за лидерите на десницата, Саркози оцени дека лидерот на Националното собрание, Џордан Бардела е неискусен и дека ќе мора да го компензира недостигот на искуство, бидејќи никогаш не бил во позиција да раководи со нешто и дека Ерик Чиоти, кој неодамна беше сменет од функцијата претседател на Републиканската партија (ЛР), требаше повеќе да се консултира со сопартијците.
Парламентарните избори ќе се одржат во Франција на 30 јуни и 7 јули, а најновите анкети покажуваат дека во Франција Обединетата левица и екстремно десничарскиот Национален собир би можеле да ја победат коалицијата на претседателот Емануел Макрон.