Саркози на сослушување во полиција

Поранешниот француски претседател Никола Саркози од изутринава се наоѓа во просториите на судската полиција во Нантер. Според француските медиуми, засега не се знае дали Никола Саркози е повикан на сослушување само како сведок или пак му е изречена мерка притвор, пренесоа медиумите.

За него и за уште еден висок судски функцинер постои сомневање дека доставувале на Никола Саркози доверливи информации поврзани со случајот Бетанкур, во кој се споменува името на поранешниот француски претседател како можен корисник на фиансии од најбогатата Французинка. Покрај овој висок судски функционер на кого му е изречена мерка притвор, уапсен е и адвокатот на Никола Саркози Тјери Херцог со исто обвинение.

Неговото појавување пред истражните органи, следува само еден ден откако Првиот генерален адвокат на Касациониот суд на Франција (Врховен суд) Жилбер Азиберт, вчера беше уапсен во неговиот дом во Бордо.