Поранешниот француски претседател Николас Саркози смета дека Европската унија изгубила многу време и простор за маневрирање во обидите за решавање на украинската криза.
Во разговорот за весникот Le Journal du Dimanche, Саркози зборувајќи за украинската војна вели дека Франција, а особено ЕУ во целина, имаат политички проблеми во обидот да контруктивно да разговараат за тешката ситуација во Украина.
Саркози притоа потсетува дека во 2008 година тој заедно со поранешната германска канцеларка Ангела Меркел го одбиле влезот на Украина во НАТО, сметајќи дека Москва обратниот тек на настаните ќе го смета за провокација.
„Жалам што ЕУ создава впечатокот дека е во ропство на Американците. Сакале или не, земјите не ја менуваат адресата, Европа и Русија се осудени да одржуваат мирни и добрососедски односи. Ако успеавме да ги помириме Франција и Германија, можеме да ги помириме и Европа и Русија“, вели поранешниот француски претседател.
Саркози ја критикува позицијата на паневропските институции за украинското прашање и истакнува дека се сомнева во легитимноста на одлуките на Европската комисија, којашто треба да биде одговорна само за административните функции на Унијата.
„Сѐ уште не разбирам врз основа на кој член од европските договори (претседателката на ЕК, Урсула) фон дер Лајен може да ја оправда својата компетентност во областа на набавките на оружје и надворешната политика. Сведоци сме на ‘жежок’ конфликт на прагот на Европа. А Европејците слушаат само за потрошените милијарди евра за набавка на оружје. Повеќе оружје, повеќе мртви, повеќе војна! Танцуваме на работ на вулканот“, уверен е Саркози.
Притоа, поранешниот ја оценува подготвеноста на сегашниот француски претседател Емануел Макрон да комуницира со Москва.
„Претседателот Макрон е апсолутно во право кога сака да одржува контакт со (рускиот претседател) Владимир Путин. Како да запрете конфликт без да разговарате со страните во него? Многумина не само што сакаат да започнат војна а да не ја започнат, туку се обидуваат и да ја запрат кризата без да апелираат на нејзините главни актери. На крајот тоа е премногу тешко!. Зборовите се важни и мораме да внимаваме како ги употребуваме. Кога велиме дека нема да разговараме со Русија додека Путин е на власт, тоа е еднакво на барање на промена на власта во Москва“, смета Саркози.
Француското министерство за надворешни работи соопшти за „апсолутна увереност“ во потребата да се одржуваат каналите за комуникација со „оние кои ги носат одлуките во Русија, вклучително и претседателот Путин“. Исто така, претседателот Макрон истакна дека Франција треба да направи сѐ Украина и Русија да се вратат на преговарачката маса веднаш што двете страни ќе бидат подготвени за тоа. Истакна дека дијалогот со Москва со почитување е ефикасен и овозможува постигнување резултати.