“Balkan Media Production” за успешен крај на годината, го најавуваат концертот на најголемата музичка регионална ѕвезда, Саша Матиќ. Имено, тој ќе го одржи својот прв голем солистички концерт во Скопје и тоа на 21 декември во „Арена Борис Трајковски“.
Зад себе има повеќедецениска кариера, неколку арени и нашите срца во неговите стихови. Додека низ смеа ги прифаќа шегите на своја сметка за оштетениот вид, Саша Матиќ вели дека е среќен и исполнет човек, кој не се осмелува од животот да бара нешто повеќе. Преполните сали и громогласните аплаузи се потврда за неговиот квалитет, но и големина.
Саша Матиќ во моментов го подготвува својот нов албум кој на јавноста ќе и биде претставен оваа есен. Новиот албум доаѓа како резултат на две годишна работа и експериментирање со различни музички стилови. Албумот ќе опфати широк спектар на теми и емоции, секоја песна ќе има посебна приказна, почнувајќи од љубовни балади, па се до енергични песни кои многумина ќе ги сакаат.
На 21 декември, Саша Матиќ со задоволство ќе приреди музички спектакл во Скопје и ќе ја потсети публиката на своите безвременски хитови кои години наназад го држат на самиот врв на српската музичка сцена, како што се: “Kad ljubav zakasni”, “Poklonite mi nju za rođendan”, “Hoću da ostarim s’tobom” “Ruzmarin”, “Nađi novu ljubav”, “More tuge”, а присутните ќе имаат можност за првпат во живо да ги слушнат и песните од новиот албум.
Затоа не ја пропуштајте можноста да бидете дел од овој незаборавен музички настан и веднаш обезбедете ја вашата влезница. Истото може да го направите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК Травел во Бисер.