Саше Политико си одработи дневница за СДСМ, па замина во Охрид со новото „Ауди“

Саше Политико си одработи дневница за СДСМ, па замина во Охрид со новото „Ауди“

Платеникот на СДСМ Саше Ивановски – Политико, кој по наредба на партијата има задача да упаѓа на јавни настани служејќи се со ниски и недолични провокации,  попладнево е виден во Охрид со новото Ауди, по претходно одработената дневница, пишува „Журнал“

Ивановски денеска беше актуелен со уште еден упад на јавен настан на премиерот Никола Груевски, овој пат придружуван од активистот на СДСМ Ѓуро Кешкец кој дојде во алкохолизирана состојба. Политико ја одработи дневната агенда и си замина на одмор во Охрид, каде е виден попладнево.

Меѓу другото, Саше Политико во Охрид е со новата кола „Ауди“ караван купена половно пред неколку дена, што укажува дека неговите одработувања и платенички акции за СДСМ му се исплатуваат повеќе од очекуваното.

Дека Саше Политико е своевиден платеник-рекетар говори и тоа што постојано упаѓа на настани на функционери и јавни личности, притоа неводејќи сметка за последиците.

Кршејќи ги новинарските стандарди и правила, платеникот на СДСМ е ангажиран од партијата на Заев да создава тензии, да прекинува изјави, навредува и се заканува врз премиерот,  членови на влада, градоначалници и пратеници, параноична стратегија на СДСМ која меѓу другото е резултат на  помалата доверба од граѓаните која ја има СДСМ, што се потврди и од анкетата на институтот ИРИ.

Откако Заев и СДСМ не успеаја да го свртат вниманието на јавноста со деструктивното сценарио, со бомбите и протестите, сега тие вулгарен и примитивен начин сакаат да привлечат внимание и тоа да го прикажат за наводно незадоволство на граѓаните од актуелната власт, притоа ангажирајќи платеници како Политико и слични на него кои се наоѓаат во специфична психичка состојба.

Злоупотребувајќи ги за сопствени цели, платениците- рекетари на СДСМ брутално ги рушат новинарските стандарди со очајни и недолични провокации.