
Кандидатот за градоначалник на Штип од СДСМ, Сашко Николов, се обрати пред собраните поддржувачи на градскиот плоштад и порача дека градот покажал дека владее демократија.
Николов вели дека денешните избори покажале оти Штип останува во рацете на социјалдемократите во наредните десет месеци, како и во уште два мандати потоа.
„Покажавме дека во Штип владее демократијата, дека на секој што сака да ја блокира и опструира оваа наша преубава општина, не му е местото тука. Ама ние ќе им дадеме шанса на сите. Да седнат дома, да размислат и да дојдат да помогнат за да ја направиме оваа општина како што треба. СДСМ ќе го води Штип наредните 10 месеци, уште четири години и уште четири години. Покрај сите опструкции, на достоинствен начин покажавме дека Штип е демократски град и на достоинствен начин излеговме и гласавме и го постигнавме цензусот и повеќе од тоа. Само да покажеме дека ниедна опструкција не може да помине“,рече Николов.
Во Штип вечерва ќе се обратат и претседатлеот на СДСМ и премиер, Зоран Заев ,како и Љупчо Николовски, генерален секретар на партијата.