Сашо Мијалков ослободен за предметот „Трезор“

Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков и останатите обвинети во предметот „Трезор“, добија слобода. По четири години од првата пресуда, но и менувањето на Кривичниот законик, за случајот објавена беше нова првостепена пресуда.

За обвинетиот Сашо Мијалков, за обвинетиот Горан Грујевски, за обвинетиот Тони Јакимовски се ослободуваат од обвинение бидејќи јавниот обвинител не докажа дека обвинетите го сториле делото за кое се обвинуваат“, рече судијката Имране Селмани.

Таа појаснуваше и како се работел предметот.

„Одново прашањата се разјаснува од 15 февруари 2022 година. Судот постапувајќи во повторената постапка, согласно напатствијата од Апелација, закажа и одржа повеќе главни расправи. Обвинителството изврши и измена во однос на правната квалификација во однос на делата, на начин што сега, Сашо Мијалков и Горан Грујевски, сториле злоупотреба на службена положба и овластување… Наместо дејствието искористување на службената положба, се товарат за пречекорување на границите на службената положба“, додаде судијката.

За Небоша Стајковиќ била стопирана постапката, оти му застарело делото.

Со првата прсуда која беше укината, Мијалков доби – 8 години затвор, а Горан Грујевски (поранешен началник на Петтатта управа во УКБ) – 15 години, Небојша Стајковиќ (бивш помошник-министер во МВР) – 5 години, Тони Јакимовски (поранешен началник на оддел во УБК) – 5 години.

Предметот „Трезор“, се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија. Предметот беше вратен на повторно судење од скопска Апелација во 2022 година. Пет месеци судиите ја пишувале пресудата.

„Трезор“ го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО). Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, ексшефот на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски беа обвинети дека предизвикале штета на буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на опрема за потребите на УБК. Според судот, обвинетите се договориле да купат опрема за потребите на МВР од британската компанија „Гама интернешнл“, а како посредник била искористена фирмата „Финзи“.