Познатата фабрика за чоколади, вафли и бонбони „Европа“ Скопје соопшти дека за нов член на Управниот одбор го избрала Сашо Наков,извести Македонска берза, пренесе „еМагазин“.
Сашко Наков, синот на бизнисменот Штерјо Наков, е избран на местото на отповиканиот член на Управен одбор Виолета Татабитовска.
На оваа позиција тој е биде во следните четири години, а од „Европа“ известуваат дека тој нема акции во фирмата.
„Согласно правилата за котација ,АД „Европа“ Скопје известува дека новоизбраниот член на Управниот одбор Сашо Наков, не поседува акции во друштвото“, пишува во соопштението.
Но, „еМагазин“ пишува дека, „Фершпед“, според последните податоци на Централниот депозитар, Наков е акционер бидејќи во август минатата година купи 9.489 акции или 3, 71 отсто од акциите на фабриката за чоколади, вафли и бонбони.