Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, денеска во македонското Собрание говорејќи за одлуката на Европскиот совет, рече дека таа не треба да се толкува како „не“ за почеток на преговарачкиот процес или историска грешка, туку како историски застој.
Посочи дека постојат одредени тешкотии што треба да ги надминеме, но треба да гледаме со малку оптимизам што ќе ни овозможи да ја завршиме и оваа фаза што ќе ѝ овозможи на Северна Македонија да ги почне преговорите за членство во ЕУ.
Сасоли е уверен дека резервите од одредени земји наскоро ќе бидат преразгледани и дека Македонија го заслужува местото во семејството на ЕУ.
„Постои надеж дека овој пат ќе биде продолжен и за тоа имаме потреба од вас, вашиот ентузијазам, вашата желба за слобода и демократија. Без Балканот, тоа нема да биде возможно, посочи Сасоли.