Во првиот дуел од 11-то коло на италијанското фудбалско првенство, Сасуоло како домаќин го совлада минимално новиот прволигаш Бебевенто, и привремено се најде на второт место на првенствената табела.
Единствениот погодок на натпреварот кој му донесе нови три бода на Сасуоло го постигна Доменико Берард во 8 минута од пенал. Минамалната предност домашните успеаја да ја одржат и покрај тоа што речиси целиот втор дел го одиграа со играл помалку, откако во 49 минута црвен картон му беше покажан на Лукаш Хараслин.
Сасуоло сега е втор со 22 бодови, четири бодови помалку од водечкиот Милан а бод повеќе од третопласираниот Интер, и два од Наполи и Јувентус, и сите имаат меч помалку. Беневенто моментално е 13-ти со 11 бодови, и евентуално би можел да падне по завршувањето на колото до 17-то место, последното кое гарантира опстанок во Серија А.
Во сабота на распоред се натпреварите Кротоне – Специја, Торино – Удинезе и Лацио – Верона, а во недела се закажани дуелите: Калјари – Интер, Наполи – Сампдорија, Аталанта – Фиорентина, Болоња – Рома, Џенова – Јувентус и Милан – Парма.